Битола и Ротинско Езеро: Спој на градска традиција и недопрена природа

You are currently viewing Битола и Ротинско Езеро: Спој на градска традиција и недопрена природа

Битола едноставно има посебна душа.

Не залудно ја викаат Градот на конзулите – овој наш трет по големина град зрачи со некое господско достоинство, со традиција и убавина што веднаш ве освојува. Ако правите листа на места кои мора да ги посетите во Македонија, Битола дефинитивно треба да биде при врвот.

Плоштад Магнолија, Битола
Плоштад Магнолија, Битола

споменик Агел - Битола, Македонија

Кога сте таму, дозволете му на градот сам да ве води: застанете пред гордата Саат-кула, погледнете го споменикот „Ангел“ на плоштадот Магнолија, а потоа едноставно препуштете се на култниот ритам на Широк Сокак и испијте го највкусното кафе во денот.

Но, ако по целата таа градска врева сакате малку да побегнете на чист воздух, околината на Битола крие вистински бисери. Покрај сите оние познати патеки во подножјето на Пелистер, денес ви ја препорачувам една малку попосебна дестинација – Ротинското Езеро.

Се наоѓа на само петнаесетина минути возење од градот, а чувството кога ќе стигнете е непроценливо. Таму ве пречекуваат само мир, тишина и поглед кон специфичниот, редок четирилисен бор Молика. Совршено место за да подзапрете за миг, да здивнете и да си ја одморите душата.