„Приказни од кафулето“ – Тошиказу Кавагучи

Насловна корица на книгата „Приказни од кафулето“ од Тошиказу Кавагучи, издание на Три, со илустрација на мачка, стол и часовници.
Корицата за македонското издание на „Приказни од кафулето“ од Тошиказу Кавагучи.

Втор дел од прекрасната приказна за чудесното кафуле „Фуникули Фуникула“, сместено во една тесна уличка во Токио.

Место каде што се случуваат чуда, се преплетуваат човечките судбини и се патува наназад, но и нанапред низ времето. Секако, секогаш мора да се внимава на строгите правила кои е неопходно да се почитуваат, и секако, да седнат на столчето во моментот кога “жената во бело” ќе стане од столчето.

Жена во бела облека седи и чита книга во атмосферично кафуле со три ѕидни часовници.
Внатрешноста на кафулето каде времето запира: Мистериозната жена во бело и трите часовници на ѕидот.

Во оваа книга се среќаваме со четири нови емотивни приказни:

  • Приказната за двајца најдобри пријатели – за верното пријателство и за Готаро Чиба, кој презема грижа за ќерката на својот починат пријател.

  • Приказната за мајката и синот – син кој се враќа во минатото за уште еднаш да ја види својата мајка, која починала пред да успеат да се простат.

  • Приказната за еден детектив – сопруг кој се враќа низ времето за да ѝ го предаде роденденскиот подарок на својата сопруга.

  • Приказна за љубовта што чека – за еден млад човек кој патува во иднината за да ја види девојката со која не успеал да се венча.

Покрај нив, дознаваме и дека Казу, која дотогаш го служеше магичното кафе, повеќе ги нема тие овластувања. Време е пролетта да започне и за неа и таа да ја пронајде сопствената среќа во животот, па служењето кафе ѝ го препушта на 7-годишната Мики. Во исто време, и зафатеиото столче го менува својот духовен сопственик…

Малата Мики во престилка му служи шолја топло кафе на постар човек во кафулето Фуникули Фуникула.
Седумгодишната Мики ја презема улогата на домаќинка и послужува кафе во топлата атмосфера на кафулето.

За да откриете што сè се случува и како завршуваат овие судбини, ќе мора да ја прочитате книгата.