🌾 Бадар: Селото на моите корени и безвременските приказни

Panoramski pogled na selo Badar u okolini Katlanova, okruženo zelenim brdima i prirodom.
Selo Badar – mirna prirodna oaza i mesto gde počinju moji porodični koreni.

Помеѓу мирот на природата и шепотот на минатото, во околината на Катланово, се наоѓа селото Бадар. За многумина тоа е само уште една точка на мапата блиску до Скопје, но за мене е местото каде што почнува приказната за моето семејство, местото каде што живеат корените на мојата мудра прабаба Алтана.

🐎 Едно минато како од филмско платно

Мојата прабаба Алтана била родена 1894, од мајка Султана, во големо семејство со девет деца. Уште во раната младост, нејзиниот живот добива филмски пресврт кога се мажи во соседното село Летевци, за стројниот Ордан. Таа често знаеше да ни ја раскажува нивната љубовна приказна од „турско време“ – како Ордан дошол од соседното село на коњ и ја грабнал од сред село! Грабана или не, тие долго години си проживеаја во слога, љубов и заедништво.

🎒 Спомените од детството и моето враќање

Како мало девојче, често одев во Бадар. Мојата најголема радост тогаш беше да го посетам братот на мојата прабаба, кој единствен остана да живее на огништето во селото, додека сите останати браќа и сестри го најдоа својот пат некаде низ светот.

По многу години, патот повторно ме нанесе во Бадар. Помешана со емоции и сеќавања, на моја огромна радост, видов дека селото не е пусто. Тоа живее, се проширува и пулсира со нов живот – како совршено засолниште за луѓе кои сакаат да бидат блиску до главниот на град, но сепак сокриени во прегратките на природата.

Живописно поле со црвени булки и зелено брдо во околината на селото Бадар.
Природата во Бадар буди спомени: Блиското брдо и полињата со булки кои зрачат со живот.

⛪ Оаза на ридот: Црквата „Св. Атанасиј“

За време на посетата, се искачивме до брдото каде што гордо стои црквата „Св. Атанасиј“. Просторот е преубаво среден, тивок и мирен – вистински мелем за душата. Таму сè е подредено за уживање во природата:

  • Одлична инфраструктура: Во склоп на црквата има маси за седење и одмор, чиста вода и тоалет.

  • Пристапност: Над самата црква има уреден простор за паркинг, доколку доаѓате со автомобил.

  • Уредениот влез и комплексот на црквата Свети Атанасиј на брдото над селото Бадар.
    Мир за душата: Преубаво уредениот комплекс на црквата „Св. Атанасиј“.

Бадар е одлично место да го поминете денот во природа, да ги наполните батериите и да се поврзете со традицијата. Секоја препорака!