Уметноста на откривањето
на убавото во секојдневието


Секој ден сме преплавени со информации, избори и брзо темпо на живот. Но, вистинската уметност не е во тоа да имаме сè, туку да го откриеме она што навистина вреди — она што ни носи инспирација, мир и квалитет во домот и секојдневието.

Името Altanika не е случајно избрано. Тоа асоцира на нешто златно, вредно и ретко. Но, неговиот вистински корен е мојата најголема лична инспирација: мојата прабаба Алтана.
Таа беше жената која на свои 80-тина години ме чуваше, ме растеше и ме учеше на животните вредности. Иако самата таа не знаеше да чита, со својата чиста мудрост и љубов успеа да направи чудо — благодарение на неа, јас започнав да ги читам моите први книги на само 5-годишна возраст. Баба Алтана ме научи дека мудроста и откривањето на убавото во животот не доаѓаат од факултетски дипломи, туку од душата.

Што е Altanika?

Ова не е само уште еден веб-сајт, „обичен магацин за статии“, туку е вистински, жив бренд со душа. Ова е мојот личен простор каде што за вас ги пронаоѓам „златните“ препораки.— тука се споделуваат драгоцени, златни совети.
Тука нема да најдете сè — ќе го најдете само она што е детално истражено, испробано и одбрано со љубов. Од добри книги, филмови и серии кои вреди да се погледнат, преку патувања кои ја хранат душата, па сè до практични и паметни домашни трикови за поедноставен живот.

Мојата мисија е едноставна: да ви заштедам време и во ова брзо секојдневие да ви го пренесам рецептот за убав, инспиративен и балансиран живот.

Добредојдовте во светот на вредните откритија,
Ваша Мина

Придружи се на нашата заедница на Facebook

телефон   +389 70 361 747

Е - пошта   vidramak@gmail.com

Facebook    Јасмина Трајковска

Вашите совети, предлози, критики, прашања, може да ги поставите во контакт формата